Close Menu
    Најново

    Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот

    31.12.2025 во 16:04

    Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот

    31.12.2025 во 15:55

    Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди

    31.12.2025 во 15:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот
    • Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот
    • Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди
    • Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи
    • Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител
    • Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор
    • Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
    • Обвинение за „испумпани“ 22 милиони евра од буџетот преку фиктивни згради и станови
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Николоски: Владата ниже резултати и реформи

    Николоски: Владата ниже резултати и реформи

    10.10.2025 во 17:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешниот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Дојран се обрати вицепремиерот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

    -После промените што минатата година се случија во Дојран мислам дека е време да се случат и на локално ниво. Покрај промените што се случија минатата година на централно ниво и веќе имаме Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски која што една година и три месеци ниже резултати и реформи, економски препород на Македонија, време е промените да се случат и на локално ниво. Гледате дека на локално ново се обидуваат во последен момент да се спасат, менуваат кандидати, досега имаат еден градоначалник па сега имаат друг кандидат. Но, мислам дека тоа на ниеден начин нема да ги спаси, рече Николоски.

    Тој порача дека детално треба да се истражи што работеше досегашниот градоначалник.

    -Една голема можност што беше во услуга на урбаната мафија на луѓе кои што буквално го уништуваа ова прекрасно место веќе не постои. Имено, замислете сите овие населени места кои што гравитираат кон езерото, не ги водеа како населени места, туку сето она што го гледате викендици, станови кои што се продаваат кои што се изградени ги водеа „вон населено место“. Согласно една дупка која што беше останата во правилниците доколку се води „вон населено место“ урбанизацијата оди многу брзо, не е потребно дозвола да даваат ниту Министерството за танспорт нити да се било кои институции консултираат. И на тој начин ова дивеење кое што можете да го видите се случи, дивеење кое што донесе вода буквално да нема во најголем дел од годината, а живеете сите вие покрај вода, рече Николоски.

    Тој потенцира дека на таа ребота е ставена точка.

    -Со иборот на новата Влада се променија правилниците, и едно големо дивеење кое што постоеше овде и на другиот крај на државата кај Мавровското езеро сега веќе е запрено. Покрај Мавровското езеро имаше и одредени акции на МВР кои што сакам да ги поздравам. Се надевам дека после промената со избор на нов градоначалник и овде ќе може да истражиме што, како и зошто се правело. Тоа е една од првите работи што треба да ја направиме. Паралелно со тоа заеднички да ја развиваме општината, има голем потанцијал, големи можности и навистина мислам дека сите ќе бидат мотивирани да помагаме, да инвестираме и во делот на туризмот и во делот на економија и секаде таму кај што можеме да помогнеме. Најбитното да се спаси и заштити езерото, рече Николоски

    Популарно

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    ЈСП од утре ќе работи редуцирано: Ова е точниот распоред

    31.12.2025 во 09:28

    Хорор во регионот: Силна експлозија ОДЕКНА пред училиште

    30.12.2025 во 10:43

    Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот

    31.12.2025 во 16:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.