Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Рокот за автопатот Охрид-Кичево останува прв квартал 2027 година

    Николоски: Рокот за автопатот Охрид-Кичево останува прв квартал 2027 година

    11.05.2026 во 15:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист до првиот квартал 2027 година, а за  автопатите Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола рокот на изградба е до 2029 година, истакна вицепремиерот Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, извршија увид на целата траса на автопатот Охрид – Кичево.

    “ Рокот за изградба на автопатот Охрид-Кичево останува ист, a тој е до првиот квартал 2027 година. Ќе го завршиме во тој рок и тој рок не беше зададен од нас, беше зададен од Владата која ништо не работеше и даваше само рокови. Во првиот квартал од следната година ќе имаме функционален автопат од Охрид до Киечво. Во однос на траста од Тетово до Гостивар и од Гостивар до Букојчани, рокот е 2029 година. Истиот рок е и за автопатот Прилеп – Битола со што таму очекуваме едната лента да биде готова првата половина од 2027 година”-изјави вицепремиерот Николоски.

    Во рамки на денешната обиколка на трасата на автопатот Охрид -Кичево, тие извршија увид и на клучката Требеништа која неодамна беше пуштена во употреба. 

    “ Од оваа клучка Требеништа треба да оди потенцијално новиот автопат кој треба да води од Требеништа до Ќафасан и изградбата на оваа клучка е во функција на изградбата на потенцијално новиот автопат.  Доколку успееме да најдеме согласност со УНЕСКО кои ќе имаат мисија во јуни, а ќе ги  презентираат извештаите во месец јули,  од тука ќе почнува новиот автопат, така да изградбата на оваа клучка е доказ дека сакаме да го градиме овој автопат, а лентата кај што сме сега е новата летна за ГП Ќафасан” – истакна вицепремиерот Николоски и додаде:

    “Имаме два специфични делови, едниот дел од над Киечво до влезот во тунелите кај Пресека, тука имаме стабилизација на косини преку Галерии- најмодерно инженерско решение што може да се најде во моментов. Паралелно со тоа можеби и најголемиот проблем е кај селото Ботун. За жал до крај на 2024 година не биле изведени геотехнички истражувања. Тие истражување кои што ги направивме ние, ни дадоа дека се работи за земјиште со лош квалитет за голем инфраструктурен проект со многу вода и песоклив терен и за да се заштити тој терен ќе се изградат шест објекти кои влегуваат длабоко во земја до 21 метар или колку една осумкатница, односно сликовито кажано шест осумкатници ќе спуштивме во земја за да го заштитиме земјиштето”- рече вицепремиерот.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.