Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни Коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Николоски на панел дискусијата на економскиот форум во Виена. 

Презентирајќи ги капиталните проекти, тој потенцираше дека во Македонија се работи на изградба на нови автопати на Коридор 8, на граничните премини како и на модернизација на автопатскиот Коридор 10. 

Исто така истакна, предизвик е развојот на железничката мрежа преку изградба на брзата пруга на Коридор 10 која ќе има силно влијание врз меѓународниот транспорт. Во својот говор зборуваше и за железничкото поврзување со Бугарија на Коридор 8 како и за плановите за железничко поврзување со Албанија.

Exit mobile version