Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска, денеска информираше дека веќе две недели по ред се бележи намалување на бројот на заболени од грип. Иако бројките паѓаат за 17,2% во споредба со минатата недела, д-р Андоновска предупредува дека е прерано за опуштање бидејќи минатата сезона вирусот имаше два пика.

Досега, оваа сезона официјално се регистрирани три смртни случаи поврзани со компликации од грип.

„Можеби ова е првиот, а можеби и последниот пик, но тоа не значи дека нема да има ново зголемување. Во моментов имаме среден интензитет на активност на вирусот“, истакна Андоновска.

Exit mobile version