Блискиот Исток е на чекор до тотален енергетски колапс. По утринскиот напад врз рафинеријата „Мина Ал-Ахмади“, пред неколку моменти пристигна потврда дека во пламен е и втора нафтена постројка – рафинеријата „Мина Абдула“, пренесува агенцијата АП.
Двете рафинерии се наоѓаат на растојание од само 11 километри, а нападите биле извршени со беспилотни летала во кус временски интервал. Кувајтските вооружени сили соопштија дека воздушната одбрана е во полна приправност и веќе реагира на „закани од непријателски ракети и дронови“.
За среќа, во двата напада засега нема пријавено жртви или повредени. Тимовите за итна реакција се на терен и се обидуваат да го локализираат огнот во согласност со највисоките безбедносни стандарди.


