Германскиот синдикат „Верди“ уште еднаш го запре јавниот превоз во голем број сојузни покраини, предизвикувајќи огромен сообраќаен колапс. Третиот по ред предупредувачки штрајк овој пат ги погоди клучните центри како Минхен, Хамбург и Северна Рајна-Вестфалија.

Според информациите на германскиот магазин „Дер Шпигел“, во Хамбург целосно се во прекин метрото и автобусите, додека во Северна Рајна-Вестфалија превозот е речиси непостоечки, со исклучок на градот Минстер.

Синдикатот бара значително зголемување на платите и подобрување на условите за работа по четири месеци неуспешни преговори. Иако во некои покраини како Хесен и Шлезвиг-Холштајн веќе е постигнат договор, во Баварија и Бранденбург ситуацијата останува тензична, а штрајковите се очекува да продолжат и во наредните денови.

Exit mobile version