Паниката во редовите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикана од паднатиот рејтинг, бројните криминални скандали објавени од Антикорупцискиот тим (АКТ) и економската криза ја откри Платформата за рушење на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата.
Според СДСМ, овие фактори ја извадија на површина слабоста и стравот меѓу членовите на ВМРО, кои не можат да се справат со резултатите од својата политика и јавната критика.
– Ниту една црна кампања против СДСМ и против претседателот Венко Филипче не помина – граѓаните го препознаа дефокусот и ја видоа реалната работа на партијата. Се уверија дека не можат да го скршат Антикорупцискиот тим и раководството на СДСМ. Во обид да создадат внатрешен хаос, ВМРО-ОКГ го употреби својот последен адут – осмисли „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, обидувајќи се да создадат „ДОС“ во кој нема место за СДСМ – најголемата и единствената неконтролирана опозиција во државата. Сè уште не започнале со конкретни имиња, а веќе се оградуваат од Шилегов, предлагачот на платформата. Се поставува прашањето како ќе останат единствени кога ќе се објават имињата. Во брифингот објавен во медиумите, тие велат дека ВМРО е силна партија, а опозицијата е распарчена на мали партии – со тоа само дополнително се открива нивната намера да ја распарчат и контролираат опозицијата. Спомнуваат ЗНАМ, која веќе нема поддршка, бидејќи граѓаните ја препознаа како „продадена“ во тендер-коалицијата. Кога ќе излезе целосниот список, граѓаните ќе ја видат вистинската цел – кои се тие што, како што велат, „не се борат за фотелји“, велат од опозицијата.
Велат СДСМ останува единствената опозиција и единствената неконтролирана партија која се бори власта да се врати во рацете на граѓаните.
-Нема да дозволиме рушење на СДСМ. Очајничките обиди на ВМРО нема да успеат. СДСМ има нова сила, нова енергија и останува единствено зад борбата против криминалната власт на Мицкоски и ВМРО, додаваат од СДСМ.


