Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, каде што се дискутираа клучни прашања за иднината на Европа.

-„Денес имав чест да присуствувам на Самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати европски лидери и претставници разменивме идеи, искуства и визии за иднината на нашиот континент. Атмосферата беше исполнета со енергија, соработка и посветеност кон европските вредности“, објави Мицкоски на својот фејсбук-профил.

Тој нагласи дека Самитот претставува одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на Северна Македонија во европските процеси. „Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас“, додаде Мицкоски.

Со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вчера присуствуваше и на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП, а претходно се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Exit mobile version