Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, пред малку преку социјалните мрежи сподели ексклузивна вест која значи спас за македонскиот транспортен сектор. По интензивната дипломатска офанзива и притисокот од Скопје, Брисел попушти – возачите на камиони конечно ќе добијат специјален статус.

Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме, напиша Николоски.

„После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи.

Во прилог најзначајниот дел од неа.

Благодарам до сите пријатели на Македонија кои помогнаа со цел да се реши овој проблем!“, нагласи Николоски.

Exit mobile version