Поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа, во тек е акција на МВР под раководство на јавен обвинител на ОЈО ГОКК

За потсетување, службите за борба против организиран криминал уапсија актуелен директор на државна институција. Како што неофицијално дознава Фокус, тој е фатен при барање и примање мито од 50.000 евра, пренесува Фокус.

Во тек е официјална истрага и наскоро се очекуваат информации од надлежните институции.

Во моментов нема официјална потврда од надлежните институции за идентитетот на приведениот, ниту за сите детали од случајот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности, вклучително и дали станува збор за индивидуален случај или постои поширока мрежа на корупција.

Според првичните информации, станува збор за директор на Државниот инспекторат за земјоделие – Васе Анакиев(41).

Exit mobile version