По четири дена блокади на граничните премини кон Шенген-зоната, стигнаа првите сигнали за решение од срцето на Европа. Европската комисија денеска ја усвои новата стратегија за визи која конечно ги препознава возачите на камиони како „професионалци“ и нуди поголема флексибилност за нивниот престој во ЕУ.

Вицепремиерот Александар Николоски преку социјалните мрежи ја потврди веста, нарекувајќи ја „одлична“ за македонската економија. Потпретседателката на ЕК, Хена Виркунен, истакна дека иако правилата од 90 дена остануваат, во рамките на новата стратегија се работи на олеснувања за специфични професии како што се возачите, уметниците и спортистите.

„Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е она што го баравме по силната офанзива“, порача Николоски.

Асоцијацијата „Макам-транс“ попладнево е на итен состанок на кој треба да пресече – дали овие најави се доволни за камионите да се повлечат од границите.

Exit mobile version