Вчера во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version