Close Menu
Press24
    Најново

    Ненад Савевски е новиот државен јавен обвинител

    10.03.2026 во 13:31

    По Дубаи, утре следи евакуација и од Ријад: Патниците ќе слетаат во Приштина, па со организиран превоз до Скопје

    10.03.2026 во 13:22

    МНР со масовна евакуација од Дубаи: 150 патници вечерва слетуваат во Скопје, меѓу нив и државјани на соседите

    10.03.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ненад Савевски е новиот државен јавен обвинител
    • По Дубаи, утре следи евакуација и од Ријад: Патниците ќе слетаат во Приштина, па со организиран превоз до Скопје
    • МНР со масовна евакуација од Дубаи: 150 патници вечерва слетуваат во Скопје, меѓу нив и државјани на соседите
    • Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи
    • Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт засите корисници, без бариери и со неограничен интернет
    • Економски бум во најава: Мицкоски откри дека веќе се реализирани 25% од капиталните инвестиции за 2026 година
    • Мицкоски: Денеска ќе се одлучи името на новиот јавен обвинител
    • Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

    Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

    05.12.2025 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Македонија вложува силни напори да ги изгради и модернизира европските коридори 8 и 10 и во таа насока реализираме крупни проекти на истите. Работиме на изградба на железничкото поврзување со Бугарија, започнавме со постапките за изградба на брза пруга на коридор 10, а исто така градиме и автопатски делници на коридор 8, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во рамки на Министерскиот совет на Транспортната заедница, што се одржува во Брисел.

    “ Имаме среќа што два паневропски коридори, 8 и 10, минуваат низ земјата и решивме како Владата да вложиме напори за напредок на двата коридори и тоа е нешто на што работиме заедно со нашите пријатели, партнери.

    Како што знаете потпишавме заеднички договор во ноември, за коридор 8 и тоа е големо достигнување за двете земји, нешто што целосно ќе ја промени реалноста во регионот и сега работиме за да го спроведеме. Од наша страна, железницата е поделена на 3 делници, едната е во функција од јануари годинава, втората се надевам ќе ја завршиме следнава година, а за третата работиме со нашите партнери од ЕИБ за да го објавиме тендерот не подоцна од јануари и очекувам напредок таму и така ќе дојдеме до спојување со Бугарија преку тунел. Што се однесува до коридор 10, во делот на железницата, решивме да изградиме брза железница со 200 км на час за патнички возови и 120 км на час за товарни возови. Преку Велика Британија добивме поволно финансирање и веќе се спроведува подготвителна работа. Ако се биде добро, очекувам првите машини да бидат на терен не подоцна од јуни 2026 и да завршиме во период од 5 години. Тоа ќе биде голем поттик за економијата во регионот и за поврзување. Што се однесува до автопатите, со коридор 10 процедурата е во тек, работиме со Светска банка, а со коридор 8 почнуваме сега и ќе продолжиме. На коридор 8 ја отворивме источната делница меѓу Куманово и Крива Паланка во јануари, работиме на западната делница и би сакал да ве поканам сите да видите што работиме” – рече вицепремиерот Николоски.   

    Министерскиот совет е во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница. Покрај вицепремиерот Николоски, присуствуваат и министри за транспорт и владнини претставници од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Словенија, од Кипар, Романија, Ирска и од други европски земји.   

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Иран ги прекинува сите преговори со САД: Имаме премногу горчливо искуство, војната ќе го запали целиот регион

    10.03.2026 во 09:41

    Турција под ракетен напад од Иран: Распоредени системи „Патриот“ откако НАТО пресретна две балистички ракети

    10.03.2026 во 09:34

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.