Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски и Софронијевиќ разговараа за брзата пруга на Коридор 10 и гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија

    Николоски и Софронијевиќ разговараа за брзата пруга на Коридор 10 и гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија

    18.06.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Солун, во рамки на министерскиот Самит на земјите од Западен Балкан оствари билатерална средба со министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура на Република Србија, Александра Софронијевиќ.

    На средбата беше разговарано за унапредување на регионалната соработка, со посебен акцент на реализацијата на заедничките инфраструктурни проекти кои ќе придонесат за забрзан економски раст, подобра поврзаност и зголемена конкурентност на регионот.

    Посебно внимание на средбата беше посветено на изградбата на брзата железничка пруга на Коридорот 10, при што беше истакнато дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за развојот на регионот.

    Вицепремиерот нагласи дека Македонија интензивно работи на реализацијата на овој проект, кој ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен железнички транспорт.

    На средбата се разговараше и за проектот за изградба на заедничката гранична железничка станица Табановце, која ќе овозможи побрз и поефикасен транспорт на стоки и патници. Николоски информираше дека е избран изведувач и дека изградбата на станицата ќе започне во скоро време.

    Соговорниците разменија мислења и за унапредување на трговската и економската соработка меѓу двете земји, како и за натамошно подобрување на ефикасноста на транспортните коридори. Во таа насока беше разговарано за воспоставувањето и проширувањето на системот на зелени ленти на граничните премини, со цел забрзување на протокот на стоки и намалување на времето на чекање.

    Во фокусот на разговорите беше и енергетското поврзување меѓу двете држави. Вицепремиерот истакна дека е во тек тендерската постапка за изградба на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, проект кој ќе придонесе за поголема енергетска сигурност, диверзификација на изворите на снабдување и поконкурентни цени на природниот гас.

    Во духот на традиционално добрите и пријателски односи, двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката и реализација на заеднички проекти што ќе придонесат за економскиот развој, регионалната поврзаност и подобар квалитет на живот на граѓаните во двете земји.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.