Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

    Николоски: Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјиштето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид – Кичево

    17.09.2026 во 14:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешната изјава за медиуми заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, зборуваше за градежните активности на најсложениот дел од автопатот кај Ботун, како и за техничкото решение со кое се стабилизира нестабилното земјиште. Тој посочи дека специфичните услови на теренот досега претставувале сериозен предизвик за изградбата, но преку со ангажирање домашни и странски експерти е пронајдено решение. Николоски објасни дека проблемот произлегува од природните карактеристики на земјиштето, што ја отежнува стабилизацијата на теренот.

    ,,Има работи што можеме да ги направиме и работи што не можеме да ги смениме. Она што не можеме да го смениме е земјата. Околу вас можете да видите дека се работи за црна графитна земја, која што е најнестабилна земја, којашто воопшто може да се најде. Таква е планината. Тука дополнително има многу вода, што може да се види по вегетацијата, околу нас и кога водата ќе се спои со графит, тогаш настанува една каша и нема никаква стабилизација. Тоа е причината зошто овој дел околу селото Ботун до сега беше невозможно“, рече Николоски. 

    Тој истакна дека условите во тој дел се главната причина поради која тој дел од автопатот е сложен и бара поинаков пристап, а кажа и дека во процесот да се најде решение за истото биле вклучени домашни професори и експерти, научници, и компанијата ,,Синохидро“.

    ,,Ги собравме најголемите умови кои што ги има Македонија, ги собравме најдобрите професори кои што ги има Македонија и најискусните луѓе, во соработка со светски научници, со луѓе кои што ова го правиле на други места во светот и секако во соработка со ,,Синохидро“ и со нивни научници и решението го имаме позади нас. Имено, стабилизацијата ќе оди со една специјална техника која што кога ќе се изгради автопатот, за жал никој веќе нема да може да ја види и затоа сакавме денеска да ја презентираме“, кажа Николоски и додаде:

    ,,Позади нас можеме да видиме машини, од кои што секоја тежи по 130 тона, такви во моментов има три, ќе се додадат уште две, пет машини кои што специјално се донесоа за оваа работа, се донесоа надвор од државата. Секој од овие машини влегува во земјата во должина од 20 до 28 метри. Тоа е помеѓу 7 и 11 ката зграда. Се влегува во земјата 7 до 11 ката надолу, се спуштаат арматурни кафези, секој арматурен кафез тежи по 30 тона железо и истите после тоа се поливаат со бетон. Помеѓу нив има цевки и има челични јажиња, кои што ги држат едните со другите и практично ние под земјата создаваме една целосна структура која што треба да ја држи основата на автопатот. Вакви решенија ќе се направат вкупно 250 на автопатот Охрид-Кичево коишто 163-те се кај Ботун, останатите се на останатиот дел од автопатот, вклучувајќи и кај Кнежино, кај Кичево и на овој начин се решава најтешкиот дел од автопатот“. 

     Николоски вели дека ова решение е новина во целиот регион и поради тоа е и предмет на интерес кај стручната јавност. 

    ,,Ова е убедливо инженерски најтешкиот дел и ова е делот кој што претставува новина не само Македонија, токму во целиот регион, нешто за што ќе се предава на факултетите и несклучено најголемиот светски симпозиум на научници во делот на градежништвото од вчера почна во Скопје, денеска се предава токму за ова што е позади нас“.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.