Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36

    ФОТО: Сообраќајна несреќа кај Ботун, се преврте автомобил, застој од двете страни

    21.08.2026 во 15:14

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведена велешанка, физички го нападнала својот 70-годишен татко
    • Спречена поголема штета во Велес: Пожарникарите спасија куќа од целосно изгорување
    • Петта жртва од западнонилска треска во Македонија: Почина пациент од Скопје
    • Приведени тројца тинејџери од Скопје и Струга – полицијата им пронајде дрога
    • Пеколни температури во Македонија: Во Гевгелија измерени над 40 степени
    • Семејна драма во Беровско: Тинејџер ја нападнал бабата и му го искршил домот
    • Пијан скопјанец предизвикал сообраќајка, поминал на црвено и бегал од полицијата — кога го фатиле нападнал полицајци
    • Млада снаа заврши со лисици на рацете, ја натепала свекрвата – драма во Тетово
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот

    Николоски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го решиме во рокот иако имавме класична финансиска опструкција за автопатот

    09.05.2026 во 11:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

     Според него, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.

    “Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт”, истакна Николоски, додавајќи дека активната работа на терен започнала дури од октомври 2024 година.

    Тој посочи дека за година и половина биле реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период и потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на ЕКСИМ Банка. 

    “Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската “Ексим Банка”. Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи средства во вредност од 175 милиони евра и за истото бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата”, истакна Николоски.

    Во однос на цената, тој нагласи дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар, што според вицепремиерот сè уште го прави најевтиниот автопат што моментално се гради во Македонија и регионот.

    Прочитај повеќе

    Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар

    21.08.2026 во 16:00

    Поевтини ранци, тетратки и прибор: Во вторник ќе се дефинира училишната кошничка

    21.08.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.