Доцна синоќа во Скопје припадници на Одделот за субивање на организоран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.
Неофицијално, акцијата била активирана откако еден од главноосомничените се обидел да ја напушти државата, по што истражните органи итно презеле мерки и започнале реализација на случајот.
Според информациите до кои доаѓаме, станува збор за случај во кој се сомничи дека преку лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани средства.
Во случајот се опфатени физички лица и правни субјекти, неофицијално некој од лицата се вработени и во државни претпријатија а според информациите штетата се проценувала на над 13милиони денари, нешто повеќе од 2 милиони евра.
Неофицијално, акцијата сè уште се спороведува, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
- Мицкоски на панел-дискусија: Разговаравме за мирот, дијалогот и стабилна Европа
- Претседателката се сретна со Вајц и Рокас: Фокус на разговорите – македонската евроинтеграција
- Сиљановска-Давкова: Надежта и разбирањето се неопходни во справувањето со Алцхајмеровата болест
- Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
- И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
- Тинејџер ја натепал баба му
- 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
- Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи

