Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Анализи на млечни производи откриваат големи отстапувања од декларациите, во павлака пронајдени растителни масти

    01.06.2026 во 15:49

    Уапсен возачот кој пијан усмрти маж и жена

    01.06.2026 во 15:31

    Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска која со нож ги уби сопругот и свекорот во Кратово

    01.06.2026 во 15:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Неофицијално: Анализи на млечни производи откриваат големи отстапувања од декларациите, во павлака пронајдени растителни масти
    • Уапсен возачот кој пијан усмрти маж и жена
    • Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска која со нож ги уби сопругот и свекорот во Кратово
    • Невреме во велешко и кичевско: Пороен дожд, грмежи и појава на суградица
    • Падна полицаец од Ќафасан: Преку социјални мрежи барал поткуп за да пропушти украдено возило
    • Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој ја призна вината за телесна повреда
    • Утре ќе нема струја до 14 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку скопски населби
    • Итно предупредување од УХМР: Нестабилна маса со пороен дожд, грмежи и град се движи низ Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Неофицијално: Анализи на млечни производи откриваат големи отстапувања од декларациите, во павлака пронајдени растителни масти

    Неофицијално: Анализи на млечни производи откриваат големи отстапувања од декларациите, во павлака пронајдени растителни масти

    01.06.2026 во 15:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат сериозни отстапувања во составот во споредба со она што е наведено на нивните официјални декларации.

    Според неофицијалните резултати од направените лабораториски анализи, кај повеќе млекари е утврдено намалено количество на млечни масти и протеини, а во еден случај е детектирано и присуство на растителни масти.

    Кај мешаниот кашкавал на млекарата „Милком“, наместо декларираните 34.5% млечни масти, анализите покажале 30%. Слично отстапување е нотирано и кај мешаното сирење на млекара „Маврово“, каде се из измерени 17.5% масти, иако на декларацијата стои 24.5%.

    Сериозни разлики во параметрите се пронајдени и кај производите на млекарата „Сентис АГ“ од Тетово. Нивното УХТ млеко има 2.85% млечни масти наместо декларираните 3.2%, а протеините изнесуваат 3% наместо запишаните 3.5%. Исто така, киселата павлака на овој производител содржи 14% млечна маст, иако по декларација е наведено дека треба да биде 18%.

    Проблеми со составот се евидентирани и кај козјото сирење на млекарата „Ѓорѓиеви“, каде анализите измериле 16.3% млечна маст (декларирани 23%) и 14.6% протеини (декларирани 18.8%). Кај Тетовската млекара, мешаното сирење покажало 19.8% млечна маст, наспроти декларираните 23%.

    Кај увозните производи, драстична разлика е воочена кај Златиборското ситно сирење од млекарата „ПК Златибор“ од Србија, каде наместо 14.3% млечна маст, лабораторијата измерила само 1.19%. Кај урдата на „Бела фарм“ се пронајдени 5.54% млечни масти, иако на пакувањето е наведена вредност од 25%.

    Кај брендот за кравјо сирење на „Млекара-Продукт“, млечната маст изнесува 11.4% наместо 15%, додека протеините покажале повисока вредност, односно 15% наместо декларираните 12%.

    На крајот, анализите покажале дека млечната павлака со пиперка од млекарата „Норд милк“ е позитивна на присуство на растителни масти, што е во спротивност со карактерот на чист млечен производ.

    Прочитај повеќе

    Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска која со нож ги уби сопругот и свекорот во Кратово

    01.06.2026 во 15:22

    Невреме во велешко и кичевско: Пороен дожд, грмежи и појава на суградица

    01.06.2026 во 15:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.