Два одделни случаи на физички напад биле пријавени во СВР Скопје на 24 ноември.
Првиот случај бил пријавен околу 19:05 часот, кога 43-годишниот Ф.С. од селото Сарај пријавил дека бил физички нападнат од И.И. пред обложувалница.
Во вториот случај, околу 19:30 часот, 39-годишниот Б.Ш. од Скопје пријавил дека во селото Ќојлија, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

