По вчерашниот пожар во магацинските простории на поранешниот Дисконт Тинекс на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, денеска може да се види каква е состојбата на објектот по интервенцијата на пожарникарите.
Огнот избувна во придружните простории кои во минатото се користеле како магацини за утовар на стока. На терен веднаш интервенираа скопските пожарникари и полициски службеници.
Пожарот беше брзо локализиран од седум пожарникари со две противпожарни возила, по што екипите продолжија со целосно догаснување.
Објектот повеќе од една година е затворен, уште пред продажбата на Тинекс. За оваа локација претходно постоеше иницијатива за промена на Деталниот урбанистички план и идеја за изградба на станбена зграда, но таа не беше реализирана.
Денеска, по пожарот, Press24 направи фотографии од состојбата на објектот.




ФОТО: PRESS24

