Во Собранието денеска ќе се одржи едукативен настан во организација на Парламентарниот институт, под мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“.
На настанот се предвидени поздравни обраќања од Драгана Бојковска, претседателка на Клубот за младински прашања и политики, како и од директорите на три основни училишта од Општина Илинден: ООУ „Ристо Крле“, ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Браќа Миладиновци“.
Свое обраќање ќе има и претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија, по што ќе следува симулација на седница на Детскиот парламент.
Целта на настанот е да се подигне свеста кај децата за нивните права, да се поттикне дискусија за предизвиците и можностите што ги носи дигиталното опкружување, како и да се нагласи важноста на безбедното, одговорно и активно учество на децата во дигиталниот свет.

