Нема никаква соработка на СДСМ со ДУИ и со Левица, вели опозицискиот лидер Филипче во изјава за медиумите.
„Настапуваме автентично сами заедно со коалиционите партнери во рамките на нашата коалиција. Ги слушам меѓусебните обвинувања. Еве, вчера имаше прашања за да коментирам однос на тие обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање на национализам, од такви празни фоскули, обвинувања, едноставно им е преку глава.“ – рече Филипче.
Според него, главните проблеми се во економијата а граѓаните се изморени од секојдневно слушање на истата реторика.
„Мора да сфатат сите политички чинители дека треба да се зборува за многу сериозни теми. Не може ние да повеќе слушаме како некој се обвинува дали бил лав или, или орел, или врапче, или, или маче.“ – рече Филипче
Актуелно
- Мицкоски: За мене името Македонија е свето име
- Николоски и Мисајловски ги зајакнаа безбедносните и економските врски со Унгарија
- Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка соТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
- Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит – се бара притвор за двајца скопјани
- РКЕ со трета одлука за една недела: Повторно поевтинува дизелот – ова се новите цени кои стапуваат на сила од полноќ
- Сиљановска-Давкова на средба со Абдула Ерен: ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани
- Хотел „Сунце“ во Соко Бања – добитник на „Туристички цвет“, најпрестижната награда за најдобар бањски хотел
- Скопјанка приведена откако нападнала полицајци во Аеродром

