Денес времето ќе биде претежно облачно, со можност за слаб локален дожд на повеќе места низ земјата и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе се засилува и ќе биде поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 6 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 11 и 17 степени.

Во Скопје се очекува облачно време со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, а максималната ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот и до средината на следната недела, под влијание на поле со висок воздушен притисок, се очекува стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во наредните денови ветерот ќе биде слаб до умерен од југоисточен правец.

Exit mobile version