Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна посета на Штип.
Според информациите од владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на настан по повод проширувањето на производствените капацитети за метални конструкции и делови од конструкции во Друштвото за градежништво, инженеринг и трговија „АКТИВА“ ДОО Штип.
По завршувањето на настанот, предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.


