Нема никаква соработка на СДСМ со ДУИ и со Левица, вели опозицискиот лидер Филипче во изјава за медиумите.
„Настапуваме автентично сами заедно со коалиционите партнери во рамките на нашата коалиција. Ги слушам меѓусебните обвинувања. Еве, вчера имаше прашања за да коментирам однос на тие обвинувања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање на национализам, од такви празни фоскули, обвинувања, едноставно им е преку глава.“ – рече Филипче.
Според него, главните проблеми се во економијата а граѓаните се изморени од секојдневно слушање на истата реторика.
„Мора да сфатат сите политички чинители дека треба да се зборува за многу сериозни теми. Не може ние да повеќе слушаме како некој се обвинува дали бил лав или, или орел, или врапче, или, или маче.“ – рече Филипче
- Проверете дали сте на списокот за исклучувања: Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 16 часот
- Руте смирува: Соборената иранска ракета над Турција не значи почеток на војна меѓу НАТО и Иран
- Жичницата на Водно не е во функција поради силно невреме
- Цветановски: Оставка од Тошковски, МВР имало 12 пријави за убиецот од Карпош, а не мрднало со прст
- Тошковски сподели убава вест: Станав татко по трет пат, нашето семејство го збогативме и со син
- Стојаноски: Инфраструктурата носи резултати, раст на градежништвото од 14,6% и силен импулс од капитални проекти
- Лефков: Заев и Филипче беа како Путин и Лукашенко, делеа пасоши на руски криминалци
- Истрагата се проширува: Се вештачат три телефони на осомничениот за убиството на жената, притворот продолжен за нови 48 часа


