Нема ни струја, ниту интернет - Снегот презвика проблеми во повеќе кочански села

Врнежите од снег предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија во неколку села и во дел од градските населби во кочанскиот регион.

Според известувањето од Одделението за комунални дејности на Општина Кочани, проблемите настанале поради прекин во доводите и паѓање на неколку столбови на електропреносната мрежа.

– Жителите од селата Мојанци и Горни и Долни Подлог, како и некои корисници во населбата Усова Чешма останаа без електрична енергија уште од рано изутрината. Стручни екипи се излезени на терен и работат на отстранување на дефектите. Што се однесува до напојувањето со струја на мрежата за јавно осветлување и другите кориснички пунктови што се под надлежност на локалната самноуправа, засега нема никакви проблеми, истакна Драги Јорданов од Оддлението за комунални дејности.

Покрај проблемите во снабдувањето со струја, граѓаните од повеќе населби во Кочани пријавиле паѓање на жици од столбовите на кабелските оператори, поради што во прекин се интернет врските

13.12.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега