Неделков: СОНК утре ќе го анализира ставот на Владата - дотогаш, штрајкот продолжува

 
Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски, пред околу 40-тина минути, токму пред Владата да ги соопшти одлуките од седницата, ја информираше јавноста дека во текот на утрешниот ден ќе имаат седница, на која детално ќе го анализираат ставот а Владата, а дотогаш штрајкот продолжува.
 
„СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта. Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, пишува Неделков на неговиот Фејсбук профил.

19.04.2022 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега