Недела ќе биде неработен ден за сите билетарници на ЈСП

ЈСП Скопје информира дека од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје.

Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики).

Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје.

01.02.2023 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега