Close Menu
Press24
    Најново

    „Не чувствуваме вина” – Судење против тројцата полицајци од Кочани за трагедијата во Пулс

    31.03.2026 во 11:03

    Ерата на Трамп: Неговото име на банкноти, аеродроми, воени бродови и златници

    31.03.2026 во 11:02

    Се затвора Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа

    31.03.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Не чувствуваме вина” – Судење против тројцата полицајци од Кочани за трагедијата во Пулс
    • Ерата на Трамп: Неговото име на банкноти, аеродроми, воени бродови и златници
    • Се затвора Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа
    • Попов: СДС го прифаќаше секој предлог за обезличување на Македонија
    • Иран воведува „патарина“ во Ормускиот Теснец: Светот пред нов економски шок
    • СДСМ: Орце Ѓорѓиевски итно да го реши проблемот со паркирањето во Ново Лисиче
    • Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“
    • Средба Славески- Шjиаочjинг Ју: Народната банка подготвена за влијанието од глобалните кризи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Не чувствуваме вина” – Судење против тројцата полицајци од Кочани за трагедијата во Пулс

    „Не чувствуваме вина” – Судење против тројцата полицајци од Кочани за трагедијата во Пулс

    31.03.2026 во 11:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 31 март 2026 година, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против тројцата обвинети полициски службеници од Кочани, поради нивното постапување при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. Судењето се одвива со сослушување сведоци предложени од одбраната.

    На почетокот на рочиштето, обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни за наводите од обвинението, кое се однесува на контроли извршени во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што на 16 март 2023 година во пожар животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето го води судијката Лидија Петровска, а за обвинението застапува јавната обвинителка Спасенка Андонова.

    Прв сведок денеска беше Ерхан Хаџимита, полициски службеник во ПС Кочани, кој пред судот рече дека два пати учествувал во полициски контроли во дискотеката „Пулс“ во 2023 година – еднаш во април и повторно во декември. При контролите, тој заедно со одговорниот Горан Лазаров пронашол две малолетни лица во објектот, чијшто документи биле одземени и предадени на Лазаров.

    Сведокот посочи дека сопственикот на клубот, Дејан Јованов – Деки, не соработувал и реагирал со зборовите „правете што сакате“, бидејќи претходно имал конфликт со полицијата поради присуство на малолетници. Хаџимита изјави дека останал со малолетниците за да се повикаат нивните родители, додека Лазаров го изготвил записникот.

    „И претходно во април 2023 година пронајдов малолетници во дискотеката, и повторно сопственикот не соработуваше. Кога ги одземав личните карти, ги предадов на одговорниот на смена, кој беше во билетарата заедно со сопственикот и неговиот син“, рече сведокот. Тој истакна дека барањето документи од сопственикот било одбиено и дека не ги пополнувал записниците.

    Судењето започна на 3 март оваа година со читање на обвинителниот акт од обвинителката Ивана Трајчева од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, која минатата недела заврши мандатот и не беше повторно избрана.

    Обвинетите се товарат дека при извршување акциски контроли во дискотеката „Пулс“ не постапиле во согласност со пропишаните правила од анекс-плановите, при што во записниците навеле неактивно правно лице како одговорно.

    Според обвинението, во периодот од 7 октомври 2023 до 7 февруари 2024 година, Кире Богатинов и Горан Лазаров не ги извршиле целосно службените должности по анекс-плановите за акциска контрола, додека третообвинетиот Александар Темелков не ја проверил целокупната документација при одобрување на барањата за поведување прекршочна постапка, туку ги потпишал и поднел до судот.

    Со овие дејства, тројцата обвинети, како што наведува обвинителниот акт, прибавиле имотна корист за „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани, подружница кабаре „Пулс“, како и за одговорното лице, на начин кој детално е опишан во обвинителниот предлог.

    Top News
    Популарно

    „Не чувствуваме вина” – Судење против тројцата полицајци од Кочани за трагедијата во Пулс

    31.03.2026 во 11:03

    Ерата на Трамп: Неговото име на банкноти, аеродроми, воени бродови и златници

    31.03.2026 во 11:02

    Се затвора Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа

    31.03.2026 во 10:58

    Попов: СДС го прифаќаше секој предлог за обезличување на Македонија

    31.03.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.