Државна комисија за спречување на корупцијата денеска напладне ќе ја одржи 29-та седница.
Според информациите од Комисијата, на дневниот ред се: Листата на членови на општини кои не поднеле изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК, постапувањето по конкретни предмети, Предлог-записникот од 28-та седница одржана на 17.02.2026 година, како и дискусија за прашања и предлози.


