Најсвежо во Лазарополе, а тука наврна најмногу дожд
Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 19 литри на метар квадратен, наврнале во Куманово, а најмалку, еден литар, во Маврово, Лазарополе, Штип и Демир Капија.
Како што информира УХМР, утрово е најсвежо во Лазарополе, два степена, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 14 степени.
Минималните температури до 8:30 часот биле – четири степени на Попова Шапка и Маврово, пет во Претор и Крушево, шест во Битола, седум во Крива Паланка, Охрид и Берово, девет во Прилеп и Куманово, десет во Струмица, 11 во Тетово и Виница, 12 во Скопје-Петровец, Штип и Дојран, како и 13 во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија.
До 8 часот утрово се иземрени и 10 литри дожд на метар квадратен во Прилеп и Дојран, четири во Крива Паланка, Гевгелија, Берово и Крушево, три во Претор и Ѓуриште, како и два литра во Тополчани.
Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа