Најмалку четворица загинати и 30 ранети во нападот во училиште во САД

 


Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија, објави „Си-ен-ен“.

Некои од повредените луѓе во средното училиште Апалачи во Виндер, не настрадале само од пукањето, туку и од повредите здобиени при бегство. Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека осомничениот е уапсен.

-Ситуацијата сега е под контрола, а учениците се пуштени дома, соопшти кабинетот на локалниот шериф.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил запознаен со инцидентот и оти владата ќе продолжи да се координира со „федералните, сојузните и локалните функционери“.

04.09.2024 - 23:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега