Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст
    • Мицкоски: Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите
    • Полски десничарски пратеник со чекан демолираше споменик на Украинци
    • Ескалација во Бундестагот: АфД го обвинува Мерц за клевета и бара одземање на имунитетот
    • Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
    • Вреди: Јакуп Хусеини за Брвеница
    • Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
    • Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најмалку 132 загинати во катастрофалниот земјотрес во Колумбија: Властите прогласија состојба на национална катастрофа

    Најмалку 132 загинати во катастрофалниот земјотрес во Колумбија: Властите прогласија состојба на национална катастрофа

    11.08.2026 во 09:502 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 132 лица го загубија животот во Колумбија по силниот земјотрес што ја погоди земјата, додека спасувачките тимови трагаат по преживеани под урнатините. Повеќе од 480 луѓе се повредени, а властите веќе прогласија вонредна состојба поради обемот на разурнувањата.

    Според Националниот геолошки институт, земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделникот во 7:34 часот по локално време, на длабочина од 103 километри со епицентар во провинцијата Чоко. Потресот предизвика големи штети во градот Переира, каде што се урнаа 65 згради, а жртви и разурнувања има и во регионите Вале дел Каука, Манизалес, Кибдо и Меделин.

    Новиот колумбиски претседател Абелардо де ла Есприела потврди дека се оштетени повеќе од 1.500 домови и прогласи состојба на национална катастрофа за полесно справување со кризата.

    С сведоштва за ужасот изнесоа повеќе очевидци. Анџелика Авила, која престојувала во еден од хотелите во Манизалес, ја опиша ситуацијата:

    „Сите врескаа. Видов прашина како излегува од соседните згради и тули како паѓаа од ѕидовите“.

    За преживеаните стравот бил неизбежен, што го потврдува и Ден Катлер (29) од Лондон, кој за време на земјотресот се наоѓал во Кали:

    „Никогаш не сум доживеал такво нешто. Истрчавме надвор во пижами“.

    „Нема големи структурни оштетувања на хотелот, но на ѕидовите се појавија пукнатини, а бојата и малтерот паднаа“.

    Свој увид од Манизалес даде и новинарот и метеоролог Луис Фелипе Молина:

    „Имам 450 книги, а само неколку останаа на полиците. Можеше да се слушне кршење на стакло и луѓе како врескаат“.

    „Тоа беше ужасно искуство“.

    Поради разорните последици, помош и поддршка веќе понудија САД, Европската Унија преку сателитскиот систем „Коперник“, како и Ел Салвадор со испраќање спасувачки тимови.

    Прочитај повеќе

    Норвешката принцеза Астрид почина на 94-годишна возраст

    11.09.2026 во 18:51

    Полски десничарски пратеник со чекан демолираше споменик на Украинци

    11.09.2026 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.