Најмал медијатор- Второто дете на принцот Хари и Меган ќе биде обединувач на кралското семејство

 

Кралскиот експерт Ник Булен смета дека доаѓањето на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл ќе помогне да се обедини кралското семејство по нивната неодамнешна драма.

„Раѓањето на бебе е секогаш одличен обединувач за едно семејство и сигурен сум дека сите страни на семејството Сасекс ќе сакаат да слават со Хари и Меган “, изјави главниот уредник и основач на True Royalty TV во екслузивно интервју за „Ју-ес викли“.

„Можете да бидете апсолутно сигурни дека Хари и Меган веднаш ќе скокнат на Зум-повик за нејзиното височество кралицата да го запознае своето 11. правнуче.“

Војводата и војвотката од Сасекс (36 и 39), веќе се родители на синот Арчи (2). Парот во февруари објави дека го чека своето второ дете. Еден месец подоцна, тие го споделија полот на бебето во интервју за „Си-би-ес“, откривајќи дека нивната ќерка треба да се роди ова лето.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега