Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нафтен шок: Цената на барелот надмина 102 долари по најавата на Трамп за блокада на Иран

    Нафтен шок: Цената на барелот надмина 102 долари по најавата на Трамп за блокада на Иран

    14.04.2026 во 09:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата денеска забележаа остар скок на светските берзи, достигнувајќи го прагот од 102 долари за барел. Ваквиот потрес на пазарите доаѓа по одлуката на САД да воведат поморска блокада на иранските пристаништа, што ги подгреа стравувањата за сериозен дефицит на енергенси од регионот на Персискиот Залив.

    На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 6,65 долари и изнесува 101,85 долари, додека на американскиот пазар поскапувањето изнесува 6,07 долари, со што нафтата се тргува по 102,64 долари. Инвеститорите реагираат на колапсот на преговорите во Исламабад и наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за воена интервенција во Ормутскиот теснец.

    САД бараат итно и безусловно отворање на теснецот, додека Техеран бара прекин на огнот на сите фронтови. Состојбата дополнително се влоши по заминувањето на американскиот преговарачки тим предводен од потпретседателот Џејмс Дејвид Венс, по што следеше најавата за блокада.

    „Американската морнарица ќе ги запре сите бродови што им платиле на иранските власти транзитна такса“, порача Трамп, најавувајќи дека блокадата стапува на сила веднаш.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.