По вчерашниот краткотраен пад, цената на црното злато утрово повторно бележи вртоглав раст на азиските берзи. Нафтата од типот Брент од Северното Море поскапе за 2,9 проценти и веќе се тргува за 102,84 долари за барел, враќајќи го притисокот врз глобалната економија.

Сличен тренд е забележан и кај американската лесна нафта (WTI), која поскапе за дури 3,5 отсто, достигнувајќи цена од 91,20 долари.

„Пазарите реагираат нервозно. Иако вчера имаше олеснување по најавите од Вашингтон, денешните бројки покажуваат дека неизвесноста е сè уште присутна и секоја промена во реториката веднаш се одразува на цената“, велат берзанските аналитичари.

Exit mobile version