На 23.03.2026 во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишија од слобода Л.Р. (19) и неговиот 15-годишен брат поради постоење основи на сомнение за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајден е пиштол „Dessert Lort“ калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот, кој го поседувале без дозвола, а малолетникот изјавил дека родителите не биле запознаени.

Во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи на ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Б. (52). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 23 парчиња муниција со калибар 9 мм.

Во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Ш.Ф. (37). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е и одземена марихуана.

За сите настани се известени надлежните јавни обвинители, а по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Exit mobile version