Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава.
„Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќе
стапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.
Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно ја
потврдува својата посветеност кон стабилноста на пазарот, сигурното снабдување и долгорочното
партнерство со трговската мрежа во Република Северна Македонија“, соопшти ОКТА.
- Мицкоски: ЕСМ не само што ги задоволува потребите, туку и продава струја во ноќните часови
- Приведен 33-годишник од демирхисарско: Полицијата дома му пронајде пушки и муниција
- Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА
- Манасиевски: Башановиќ и Шчекиќ го тонат СДС – Филипче со молкот ја потврдува соработката со српските стратези
- Циклон ја зафаќа Македонија: Подгответе се за обилни врнежи од дожд и снег
- Битиќи: Намалувањето на ДДВ за горивата е само лепење фластер на рана
- ЕВН најави исклучување: Жителите на една општина ќе немаат струја до 12:30 часот
- Филипче бара итни решенија: Са се намали ДДВ-то на основните прехранбени производи на 0% и да се намалат патарините


