Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари стратешки важна средба со својот турски колега, Мехмет Нури Ерсој, со цел привлекување на што поголем број турски туристи и капитал во Македонија. На средбата во Турција, двајцата министри ги потврдија традиционално блиските врски, но овојпат со фокус на конкретни економски чекори.

Главен акцент беше ставен на привлекувањето на турски инвеститори кои би ја развивале туристичката инфраструктура кај нас, како и на зголемување на бројот на туристи од оваа пријателска земја.

„Работиме на конкретни проекти кои ќе значат просперитет за целиот регион. Турција е наш сериозен партнер и во периодот што следува очекуваме зајакнување на туристичката соработка“, информираат од Министерството.

Exit mobile version