Демократската унија за интеграција излегува со конкретни факти кои покажуваат како граѓаните се оштетуваат во време криза со енергенси. Ова го велат од ДУИ преку соопштение испратено за јавноста.
– Додека на светските берзи цените на нафтените деривати бележат драстичен пад од околу 10%, во нашата држава граѓаните ќе продолжат да плаќаат повисоки цени цела недела. Причината е јасна – Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела, наместо да реагира навремено, се вели во соопштението.
Оваа пракса директно оди во корист на одредени бизнис интереси, а на штета на граѓаните.
Затоа бараме:
• Итна промена на правилникот за утврдување на цените
• Воведување на пресметка на цените најмалку двапати неделно
Фактите се алармантни:
• Неделна потрошувачка: околу 12 милиони литри дизел
• Разлика во цена: околу 9 денари по литар
• Вкупен дополнителен трошок: над 1,5 милиони евра за само една недела
Ова значи дека граѓаните и малите бизниси плаќаат милиони повеќе, додека некој профитира од нефункционален систем.
На крај, се поставува логичното прашање:
Во чиј интерес работи Владата – на граѓаните или на неколку привилегирани компании?


