Close Menu
Press24
    Најново

    УХМР со многу лоша викенд временска прогноза

    30.10.2026 во 08:04

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со многу лоша викенд временска прогноза
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нацева со едногодишен извештај: Реализирани капитални инвестиции и инфраструктурни проекти во Неготино

    Нацева со едногодишен извештај: Реализирани капитални инвестиции и инфраструктурни проекти во Неготино

    26.09.2026 во 12:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, на прес-конференција по повод една година од преземањето на функцијата презентираше извештај за реализираните проекти, истакнувајќи дека во фокусот биле инфраструктурата, образованието, спортот и поддршката за семејствата.

    Нацева истакна дека Општината реализирала значајни инфраструктурни зафати со средства обезбедени од Владата.

    „Имено преку аплицирање со проекти на првиот јавен повик, како Општина ни беа одобрени средства од 80.000.000 денари за 5 проекти кои се веќе реализирани, додека на вториот повик на Општина Неготино и беа одобрени средства од околу 160.000.000 денари за реализација на вкупно 10 проекти, или севкупно Владата во реализација на инфраструктурни проекти во општина Неготино, обезбеди средства од 240.000.000 денари.“

    Меѓу клучните проекти таа ги наведе реконструкцијата на улицата „29-ти ноември“, изградбата на новите кружни текови, обновата на главната улица „Маршал Тито“, како и уредувањето на новиот парк „8-ми Ноември“ вреден 13,3 милиони денари. Исто така, беше потенцирано дека по две децении Неготино добило нови функционални семафори.

    Во делот на образованието и младите, Нацева потсети дека се обезбедени финансиски средства за првачињата, награди за најуспешните ученици и ментори, бесплатни униформи и оброци, како и подобрени услови во училиштата и градинките. Воедно, беа доделени ваучери за новороденчиња и продолжена поддршката за ранливите категории и спортските клубови.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.