На туристите „џабе“ им бил патот, па си заминаа лути - демонстрантите го блокираа и Лувр
Демонстрантите кои протестираа против пензиските реформи на францускиот претседател Емануел Макрон денеска го блокираа музејот Лувр во Париз.
Мал број демонстранти кои протестираа против одлуката да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, го блокираа влезот во стаклената пирамида на Лувр, предизвикувајќи гнев кај туристите и посетителите на музејот.
Меѓу демонстрантите имало и вработени во музејот.
Протестот дојде еден ден пред десеттиот круг национални штрајкови и улични маршеви и следеше насилство во градовите низ Франција поради промените во пензискиот систем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа