МЖССП: Неосновани поплаките на производители на кеси, даден е период пренасочување на производството

Откако денеска од Групацијата на производители на кеси реагираа за измените на цените на кесите, од Министерството за животна средина и просторно планирање за МИА изјавија дека поплаките им се неосновани бидејќи им е даден период до 1 јуни да работат по истите стандарди, кои се воведени во 2013 година, а во меѓувреме да го преорентираат своето работење.

– Во однос на поплаките од производителите на платични кеси за носење на стоки, од 2013 година во РСМ задолжително за кесите за носење на стоки важеше стандардот за оксобиоразградливост. Значи сите  овие производители од 2013 година биле обврзани да произведуваат и да нудат на пазарот кеси кои го задоволуваат стандардот за оксобиоразградливост. Со новиот Закон е воведена забрана за пуштање на пазарот пластични кеси, дозволени се само биоразградливи согласно најновиот стандард за биоразградливост што значи дека се произведени од некаква органска материја која може да се распадне како органиски отпад. Но, со правилникот за да им излеземе во прсрет, заради нивните поплаки, кои беа ненавремени, бидејќи законите се дискутираат од 2019 година во правилникот направиме еден период во кој што им дозволивме да продолжат уште година ипол да го потрошат тој материјал што го имаат за оксобиоразградливи кеси, да се нудат тие на пазарот и понатаму, а после тој период од 1 јуни 2023 да почне да се применува новиот стандард за биоразградливост, образложија од МЖСПП за МИА.

И покрај нивната обврска порано да рагираат и да го подготват нивното производство за новиот закон, како што истакнаа од МЖСПП, ние отстапивме од нашите правила уште година и половина да им го продлжиме користењето на материјал кој веќе го имаат.

– Од 2013 година тие не смееле друго да произведуваат. Не смееле да користат друг материјал за кесите за носење на стоки во малопродажба, нагласија од МЖСПП.

Од Групацијата реагираа дека во земјава се увезуваат црни кеси за отпад и покрај тоа што има капацитети да се произведуваат тука. МЖСПП во однос на тоа посочи дека е дискутирано и оти изразиле подготвеност да се разговара и со другите надлежни министерства да се најде начин нивните производи да имаат да бидат подостапни на пазарот.

Околу поплаките за високата цената на кесите, од МЖССП реагираа дека идејата е да се одвратат купувачите од купување, а не да им се земат парите.

– Ние не очекуваме дека ќе собереме многу пари, затоа што веруваме дека граѓаните нема да купуваат пластични кеси и идејата е тоа, не постепено да се зголемува цената, идејата е да биде висока цената за граѓаните да бидат демотивирани да купат и секако да мислат да си понесат торба, потнецираа од Министерството.

 

 

02.12.2021 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа