Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Температурите паднаа под нулата – Ладно утро во Македонија
    • Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации
    • Гореше низ Македонија – ЦУК информира за состојбата
    • Сиљановска-Давкова со порака за лицата со Алцхајмер: „Љубовта има незаменливо лековито дејство“
    • Ѓорѓиевски синоќа на терен: Oдговараме на долгогодишно барање на илјадници жители
    • ВИДЕО: Малолетник го запалил македонското знаме и се фалел со видео – МВР го расчисти случајот
    • Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР воведува кодекс за облекување: Нема да може да подигнете документи со тренерки или папучи

    МВР воведува кодекс за облекување: Нема да може да подигнете документи со тренерки или папучи

    28.05.2026 во 11:431 Min Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи информира дека воведува кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат објектите на Одделот за граѓански работи.

    Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит.

    -Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции, информираат од МВР.

    Според новите правила, како неприфатлива облека при влез во службените простории се смета премногу кратка и тесна облека, облека што прекумерно открива делови од телото, како и облека наменета за домашна употреба, плажа или ноќни клубови. Исто така, опфатени се и тренерки и спортска облека, облека со навредлива содржина, како и несоодветни обувки како влечки, папучи, кломпи, налани и апостолки.

    Од МВР додаваат дека и вработените во Одделот за граѓански работи се должни да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Температурите паднаа под нулата – Ладно утро во Македонија

    24.09.2026 во 08:52

    Операција „Филтер“: Паѓа организирана група за шверц на цигари, Царинската управа врши претреси на над 20 локации

    24.09.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.