МВР со детали за убиството на полицаецот во Велес

 

Од Секторот за внатрешни работи Велес споделија детали во врска со убиецот. Денеска во пет часот, утрово, ја уапсиле 23 годишната П.И. под сомнение дека го убила својот невенчан партнер.

„Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот невенчан сопруг А.Р.(40) од Велес, по што починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“-се вели во соопштението на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот и по целосно документирање на случајот против П.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

29.09.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега