Вчера околу 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Христо Смирненски” при вршење на ископ на дупка за изградба на зграда со работна машина багер, ангажиран од фирма-инвеститор, настанало свлечиште на земјата, при што бил затрупан багерот, но лицето кое го управувало навреме излегло.
Од свлечиштето оштетени се делови од тротоарот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Христо Смирненски“, а паднала и бандера која оштетила возило „дачија сандеро”, сопственост на Е.М.. Известени се јавен обвинител, Центар за управување со кризи, ЕВН, општина Центар и Државен инспекторат за труд.
Од страна на полициски службеници од СВР Скопје извршен е службен разговор со В.К. и А.Х., од правното лице- инвеститор на објектот, како и со А.М., кој го управувал багерот и се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
- Пленковиќ од Охрид: Македонија напредува одлично, единствено отворено прашање се односите со Бугарија
- Тешка несреќа во Студеничани: „Голф“ удри во пешак, со тешки повреди пренесен на Клинички
- Двајца насилници претепале маж пред неговата девојка бидејќи не им дал пари
- Хорор во Драчево: Моторџии сосила фатиле 12-годишно дете за рака и го влечеле по улица
- МВР со детали за свлечиштето во центарот на Скопје: Багеристот за малку избегнал катастрофа, бандера паднала врз автомобил
- Познат идентитетот на загинатиот моторџија од Кочани
- Мицкоски од Охрид: Потпишаниот договор со Хрватска е рамка за долгорочно партнерство
- Ѓорѓиевски најави голема теренска акција: Започнуваат посети низ сите скопски општини


