Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53

    Нови протоколи во училиштата: Ќе се кратат часови ако е многу жешко

    02.09.2026 во 13:18

    Детето во Чаир било прободено директно во срцето: Приведени пет лица, Тошковски вели – „еден од најтешките предизвици“

    02.09.2026 во 08:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР со детали за големата: Меѓу осомничените е и помошник-директорка во ЈПДП
    • ООУ „Браќа Миладиновци“ со нови услови за учениците: Георгиевски изврши увид во реновираните простории
    • Стефковски подели нови бесплатни униформи за сите ученици во Гази Баба
    • Кривична пријава за кичевчанец: Полицијата му пронајде нелегален ловечки карабин и муниција
    • Се јави бегалецот од Бугарија: Ми вадат случај од минатото бидејќи немаат докази против ќерка ми
    • ВМРО-ДПМНЕ: Општина Аеродром реализира голем инвестициски циклус во инфраструктурата и образованието
    • Денеска се празнува Свети апостол Тадеј
    • Дневен хороскоп: Нови идеи кај Овенот, неочекувана информација за Ракот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР со детали за големата: Меѓу осомничените е и помошник-директорка во ЈПДП

    МВР со детали за големата: Меѓу осомничените е и помошник-директорка во ЈПДП

    03.09.2026 во 10:53Updated:03.09.2026 во 10:553 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тројца се уапсени, а против шест физички и три правни лица е поднесена кривична пријава во големата полициска акција за финансиски криминал што синоќа и во текот на ноќта се спроведуваше на повеќе локации во Скопје. Според МВР, групата се сомничи дека преку лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила проневерила 138,8 милиони денари, односно повеќе од 2,25 милиони евра.

    Акцијата ја спровел Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со ОСПО-ЕБР, под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. При претресите биле уапсени С.С., Ш.С. и З.Ѓ., а полицијата пронашла и одзела околу 27.735 евра, 38.500 денари, 750 швајцарски франци и 100 долари, повеќе мобилни телефони и две возила.

    Кривичната пријава опфаќа шест лица и три компании за сомнение за „проневера во службата“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“.

    Според МВР, првоосомничениот С.С., сопственик на фирма од Кучевиште која од 2011 година имала овластување за вршење технички преглед на возила, во периодот од јануари 2021 до јануари 2026 година изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатените надоместоци при регистрација на возила.

    Извештаите биле доставувани до Јавното претпријатие за државни патишта, Црвениот крст, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот, Министерството за животна средина и општините. Според истрагата, на овој начин биле прикривани дел од наплатените средства, а С.С. се сомничи дека се стекнал со противправна имотна корист од 138.877.419 денари.

    Во изготвувањето на извештаите, според МВР, му помагал Д.М., раководител на станицата за технички преглед, кој бил овластен да изготвува и потпишува фактури и да ги доставува извештаите до надлежните институции.

    Истрагата покажала дека парите се прикривале преку осигурително брокерско друштво, на чии сметки биле наплаќани и надоместоците за регистрација, иако на сметката на брокерското друштво требало да се наплаќа само полисата за осигурување.

    Ш.С. и З.Ѓ., како извршни членови на Одборот на директори на брокерското друштво, според сомневањата на истрагата знаеле дека дел од приходите не потекнуваат од осигурување. Заедно со С.С., кој бил неизвршен член на Одборот, парите потоа биле префрлани меѓу сметки на правните лица и мешани со приходите од редовното работење, најчесто преку позајмици. Дел од средствата, според МВР, биле користени и за купување недвижен имот во корист на правното лице.

    Меѓу осомничените е и Т.М., помошник-директор за финансии во Јавното претпријатие за државни патишта. Таа се сомничи дека не го вршела потребниот надзор над уплатените надоместоци и доставените извештаи и со тоа овозможила противправна корист од над 48,4 милиони денари само по основ на патна такса.

    Кривична пријава е поднесена и против М.Д., овластен сметководител, кој според истрагата во сметководствената документација внесувал невистинити податоци и поднесувал даночни пријави и годишни сметки кои не ја прикажувале реалната финансиска состојба на фирмата.

    Според пресметките на МВР, вкупната штета изнесува 138.877.419 денари или околу 2,26 милиони евра. Од нив, 48,4 милиони денари се на штета на ЈП за државни патишта, околу 1,5 милиони на Црвениот крст, 5,6 милиони на Министерството за животна средина, а најголемиот дел – над 83,3 милиони денари – се однесува на Буџетот и комуналните такси за општините.

    За случајот сега треба да постапува Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

    Прочитај повеќе

    Кривична пријава за кичевчанец: Полицијата му пронајде нелегален ловечки карабин и муниција

    03.09.2026 во 10:33

    Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници

    03.09.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.