Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МОН повлекува 33 учебници од прво до петто одделение
    • Добри вести: Вонредно намалување на цената на дизелот во Македонија
    • Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија
    • Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра
    • Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична
    • (ФОТО) Георгиевски: Целосно реконструирано мултинаменското спортско игралиште во Илинден
    • Груби за прв пат на суд како слободен човек – пречек како што доликува
    • Ѓорѓиевски: Граѓаните може да пријавуваат диви депонии и оштетени контејнери преку „ЕкоСкопје“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР: Шест жртви во сообраќајки за четири дена

    МВР: Шест жртви во сообраќајки за четири дена

    06.11.2025 во 16:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на природни катастрофи или воени конфликти, туку резултат на нашата култура, менталитет и однесување во сообраќајот. Несмееме да дозволиме сообраќајот од секојдневна неопходност да прерасне во нужно зло на современото живеење, соопшти МВР.

    „Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол, итн. Апелираме до граѓаните: оставете го мобилниот телефон додека управувате со возилото, не возете со брзина поголема од дозволената, не седнувајте зад воланот доколку сте конзумирале алкохол. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи не го ставајте во ризик вашиот и животот на вашите најмили, како и на останатите учесници во сообраќајот.

    Апелираме до родителите: не им дозволувајте на вашите деца да управуваат било какво превозно средство без соодветна обука и дозвола.  Сообраќајната култура мора да им се вгради и вгнезди на децата уште од најмала возраст, а тука големо влијание имаат родителите и целокупниот воспитно-образовен процес.

    Затоа уште еднаш, со најголема одговорност апелираме до сите учесници во сообраќајот, бидете совесни, внимателни и дисциплинирани. Една непромислена одлука – возење со мобилен телефон во рака или со брзина поголема од дозволената, или под дејство на алкохол – може да го одземе вашиот или нечиј друг живот.

    Нема ништо поважно од човечкиот живот. Безбедноста на патиштата не зависи само од полицијата и контролите, туку пред сè од секој поединец зад воланот“, се вели во соопштението од МВР.

    Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач. Почитувајте ги правилата, намалете ја брзината и не седнувајте зад волан под дејство на алкохол. Да возиме со ум, не со емоции. Да не дозволиме нашето невнимание да биде причината некој да не се врати дома.

    Прочитај повеќе

    Со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена во продажен објект – тројца стружани заработија кривична

    20.10.2026 во 13:23

    Груби за прв пат на суд како слободен човек – пречек како што доликува

    20.10.2026 во 13:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.