Close Menu
    Најново

    Затворени ГП Богородица и ГП Меџитлија – целосна блокада за сите возила кон Грција

    04.12.2025 во 13:35

    Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, потребна е јасна политичка одлука на земјите членки на ЕУ

    04.12.2025 во 13:31

    Драма во Идризово: Во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја

    04.12.2025 во 13:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Затворени ГП Богородица и ГП Меџитлија – целосна блокада за сите возила кон Грција
    • Николоски од Брисел: Македонија го заслужува членството во ЕУ, потребна е јасна политичка одлука на земјите членки на ЕУ
    • Драма во Идризово: Во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја
    • АХВ откри бактерии во храната во училиштата во Карпош: Мусаката позитивна на Enterobacteriaceae, во намаз пронајдена Ешерихија коли
    • Средба во Виена: Муцунски и Сијарто ја интензивираат соработката, Унгарија останува со силна поддршка за ЕУ интеграцијата
    • Наскоро стабилизација на времето – УХМР соопшти какво време не очекува за продолжениот викенд
    • Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари
    • „Ќерка ти падна по скали и ја искрши вилицата и ногата и треба да и се стават златни шипки“ – битолчанка дала 20.000 евра за лажни операција
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес – ќе се користат и дронови за воздушна контрола

    МВР презема мерки за мирен, фер и демократски изборен процес – ќе се користат и дронови за воздушна контрола

    19.10.2025 во 08:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за внатрешни работи за време на Локалните избори континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.

    -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено откривање на можни нарушувања на јавниот ред и мир. Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардните материјално технички средства, мобилни тимови и пунктовско работење, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и преземање на соодветни мерки и активности во случај на инциденти, соопшти МВР.

    МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера, да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да се воздржат од било какви активности  кои би можеле да го нарушат изборниот процес.

    Полицијата ќе ги обезбедува гласачките места непрекинато почнувајќи од 6:00 часот до 19:00 часот за времетраењето на гласањето, по затворањето на гласачкото место и за време на сумирањето на резултатите и ќе ги отстранува сите неовластени лица од објектот.

    Полицијата го обезбедува избирачкиот одбор до предавање на записникот и изборниот материјал на општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје.

    Избирачкиот одбор ќе се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место и може да го отстрани секое лице кое го нарушува редот и мирот на гласачкото место. Членовите на одборот можат да побараат помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место.

    Претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа. Во објектот и просторијата каде што се изведува гласањето и во нејзина близина, избирачкиот одбор во соработка со полицијата е должен да ги отстрани пропагандните материјали.

    Полицијата по барање на претседателот или заменикот на претседателот на избирачкиот одбор е должна да ги отстрани неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање, како и неовластено присутните лица од објектот каде што се изведува гласањето во радиус од 100 метри.

    Избирачкиот одбор може да го прекине гласањето, ако на гласачкото место се наруши редот, сè додека тој не се воспостави. Гласањето може да се прекине и во случај на временски непогоди или други вонредни околности. Избирачкиот одбор ќе го прекине гласањето ако приодот до гласачкото место не го обезбедува полиција, а за тоа имало потреба или ако таа е повикана и не се одѕвала на повикот. Ако гласањето е прекинато подолго од еден час, гласањето ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Причините за прекинот на гласањето и времето за кое гласањето се прекинало се внесуваат во записникот на избирачкиот одбор.

    На овие избори полицијата постојано ќе го обезбедува исто така доверливиот избирачки материјал.

    Популарно

    Екс-градоначалникот на Струмица, Костадинов заработи кривична – направил злоупотреба при набавка на електрични автобуси вредни 430 милиони денари

    04.12.2025 во 12:37

    Груевски: „Ко о чему, Заев и Филипче о поштењу“ – Заев тргува со руско железо, а со Филипче се обиделе да протуркаат фирма за увоз на ковид-вакцини

    04.12.2025 во 11:36

    Пресврт на судењето за „Пулс“: Телефоните и лаптопот најдени во ќелијата не биле на обвинетиот Камбери

    04.12.2025 во 10:32

    Ахмети најави протест во Скопје за поддршка на поранешните водачи на ОВК

    04.12.2025 во 10:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.