МВР потврди: Средношколецот од Скопје, кој беше пријавен за исчезнат е најден

Од Министерството за внатрешни работи(МВР) ја потврдија информацијата дека младиот Јосиф Попов е пронајден, откако претходно беше пријавен за исчезнат, а го снемало кога тргнал на училиште.

Исчезнувањето на момчето во полиција било пријавено од неговиот татко во текот на вчерашниот ден, додека полицијата успеала да го лоцира претпладнево. Од други извори, неофицијално дознаваме дека тој бил пронајден во близина на скејт-паркот во Скопје.

02.12.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа